Advertisements
Вебкафе

Човекот кој буквално заглави во вселената поради распадот на СССР

Советскиот космонаут Сергеј Крикалев беше во вселената кога се распадна Советскиот Сојуз во 1991 г. Тоа го спречило да се врати дома и останал во вселената до наредната прилика за враќање.

Космонаутот конечно се вратил на Земјата на 25 март 1992 г., по 10 месеци во орбитата, во држава којашто била поразлична од таа кога заминал. Советскиот Сојуз се распаднал на 15 држави, се смениле претседателите, па дури и неговиот роден град го променил името од Ленинград во Санкт Петерсбург.

Интересно е тоа што додека Крикалев бил во орбитата, требало да служи како воен резервист и армијата за малку ќе му издадела налог за дезертерство кога сфатиле дека нивниот резервен војник не е на планетата Земја.

Advertisements

Најпопуларно

To Top