Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Семејството Исмаили од Тетово, во својата викендичка во подножјето на Шар Планина има несекојдневни миленичиња – волци. Иако се сметаат за крволочни, Алек, Лупо и Луна се разиграни и питоми и доста послушно ги слушаат наредбите на нивниот сопственик, Фадила, пренесува Факултети.мк.
Волците по природа избегнуваат било каков контакт со луѓето, а често се сметаат и за непријател на луѓето бидејќи во планинските подрачја ја убиваат стоката. Но, волците на семејството Исмаил се разликуваат од планинските – тие се пријателски настроени, а се случило да наидат на стадо овци кое никогаш не го нападнале.
Во близина на Тетово се наоѓа селото Лешок, а на периферијата на ова место, се наоѓа викендичката на Фадил. Фадил и неговото семејство се грижат за нивните миленичиња уште додека биле малечки. Со нив престојуваат во викендичката, а често ја делат и храната.
„Сето ова е во спортивност на реалноста на човекот во која се тврди дека волкот е лош. Уверен сум дека човек е полош од волкот. Овие волци не ми направија ништо, но луѓето ми имаат направено. Се плашиме од волчјите заби, а не од вооружените луѓе“, вели Исмаил и додава дека доколку на волците им подариш љубов, тие ќе ти вратат уште повеќе.
Цела статија може да се прочита тука.