Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исчезнувањето на новинарот и колумнист за американскиот престижен весник „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги, кој на 2-ти октомври исчезна откако последен пат беше виден, поточно снимен од безбедносните камери, како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, уште ја тресе светската политичка и медиумска сцена.
Неговите биографски податоци покажуваат дека Џамал не е „било кој“, туку е арапски жител „со педигре“, чие семејство е поврзано со моќни и влијателни позиции и случувања од новата арапска историја.
Кашоги потекнува од влијателно семејство од Саудиска Арабија. Неговиот дедо Мухамед Кашоги, кој имал турско потекло (Kaşıkçı), бил личен лекар на основачот на кралството Саудиска Арабија, кралот Абдулазиз Ал Сауд. Исто така, Кашоги е внук на Аднан Кашоги, високопрофилиран трговец со оружје и еден од најбогатите арапи во 80-тите години од минатиот век, познат по неговата вмешаност во „Iran-Contra“ скандалот во САД за време на Реган.
Исто така, исчезнатиот Џамал е братучед на Доди Фајед, кого светската јавност го запозна како последен љубовник и партнер на принцезата Дајана, кој заедно со неа загина во мистериозната сообраќајна несреќа во Париз, додека се возеа во неговиот автомобил.
Кашоги ја напушти Саудиска Арабија во септември, 2017 година. Изјави дека саудиската влада го блокирала и забранила на Твитер и подоцна пишуваше медиумски статии критизерски насочени кон саудиските власти
Беше остар критичар на крунисаниот принц на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, и саудискиот крал, Салман од Саудиска Арабија. Беше против и ја критикуваше и воената интервенција во Јемен предводена од Саудиска Арабија.