Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Несаканиот инцидент кој се случи за време на адреналинската прошетка по една од најопасните туристички патеки на светот ги остави во шок и неверување туристите кои во тој момент се најдоа на самото место кога еден од туристите ја откачи безбедносната опрема од себе и се самоуби скокајќи во огромната провалија под нив.
Кинеската планина Хуашан е позната по атракцијата наречена „најопасното шетање“ кое што се состои од чекорење по патека од даски широка едвај половина метар, со помош на алпинистичка опрема, низ вертикална карпа во која што се поставени безбедносни сајли.
Еден од туристите е снимен од безбедносните камери како свесно ја откачува опремата и скока во бездната длабока 2 илјади метри.
Tourist suspected of committing suicide by plunging off cliff at China’s Mount Huashan https://t.co/J6x0QIl0pd pic.twitter.com/Db8SbhLOxC
— China News 中国新闻网 (@Echinanews) July 27, 2018
Инцидентот се случил на 24-ти јули, а локалните власти објавија дека отвориле истрага за необичното самоубиство. Кинеските власти одбиле да го откријат идентитетот на лицето кое што си го одзеде животот во јавност додека истрагата трае.