Човек ли е, гепард ли е? Молњевит спринт на Ерлинг Халанд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд вчера славеше против ПСЖ, а и во овој натпревар во центарот на вниманието се најде Ерлинг Халанд.

Халанд постигна два гола, а вниманието го привлече и во 14. минута со еден неверојатен спринт. После корнерот на гостите Халанд тргна во спринт од својот кон противничкиот гол. Забрзувањето кое го добива Халанд дури изгледа и нереално.

После натпреварот е пресметано дека Халанд 60 метри истрчал за 6.64 секунди. Само за споредба американскиот спринтер Кристијан Колман е светски рекордер на 60 метри со време од 6.34 секунди.