Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на своето гостување во дебатната емисија „Топ Тема“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од водителот Чомовски доби необична равенка за решавање која ја контекстуализира визијата и целите на најголемата опозициска партија кај нас.
За време на интервјуто Чомовски го запраша Мицкоски кој ќе биде резултатот од равенката ВМРО-ДПМНЕ – Груевски + Мицкоски = X. На ваквото прашање, Чомовски доби краток и експресен одговор кој гласеше: Нова Влада.
Мицкоски потсети на ветувањата на Заев.
-Тоа се 30.000 денари просечна плата, 16.000 денари минимална плата, докторите да имаат просечно 100.000 денари плата, зголемени субвенции, зголемени пензии, повеќе странски инвестиции, да ја намалиш невработеноста, реформи во образованието, реформи во судството. Тоа беше ветено, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.