Чоколадо, чипс и енергетски пијалоци: Што точно му прават на телото?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После ова треба да се запрашате дали неколку минути уживање вреди за сите тие саати и денови хаос во вашето тело.

Сите знаеме дека колачите, гричките газираните пијалоци и другите ситни ужини се штетни за здравјето. Но, и покрај тоа ние ги конзумираме. Доколку се прашувате зошто тие се толку штетни за вас и вашето здравје, во продолжение може да прочитате едноставни одговори.

Чипс

Откако ќе го загризете чувстувате солен вкус кои моментално го „погаѓа“ вашиот органиам. Јазикот е посебно чувствителен на сол затоа што во минатото, солта била ретка состојка, а телото е програмирано да ја „бара“ се повеќе. По само 20 секунди откако чипсот е во организмот се испушта хемикалијата акриламид, која се создава кога скробна храна се готви на висока температура. А тоа го зголемува ризикот од рак.

После 20-30 минути солта конечно се впива во крвта и чувстувате жед. Се зголемува крвинот притисок а центарот за жед бара огромни количини на вода. Хормонот кој сигнализира ситост има намалена ефективност, па така се прејадувате. Недостатокот на влакна значи дека маснотиите брзо се претвораат во шеќер по што чувствувате вишок енергија. А после 6 часа мастите се разградуваат и се претвораат во наслаги поради кои имате вишок килограми. Крвниот притисок останува со денови повишен а за бубрезите е огромен шок големата количина сол.

Чоколадо

Дури и на првото каснување телото само поради миризбата испушта ендорфин и серотонин – хормони кои поттикнуваат добро расположение и имате поголем апетит. Дури после првата коцка се чувстуваме смирено. Како што чоколадото поминува низ хранопроводот почнува да се лачи претерано желудочна киселина, па може да почувстувате неугодност. Сето тоа се претвора во маснотија за само половина час после конзумирањето, а процесот трае до 8 часа. Се ослободува и кофеин кој доаѓа од какаото, па имате зголемена концентрација, но не за долго.

После 60 до 90 минути кофеинот престанува да делува и почнувате да се чувствувате летаргично и нервозно. А на само 2 часа после тоа стимулансот на теобронин во потполност се ослободува па имате уште еден енергетски поттик. По 3 часа шеќерот исчезнува од организмот и се чувстувате уморни и безволни.

Енергетски пијалоци

Нема да ви се верува колку енергетските пијалоци се кисели затоа што нивната киселост се маскира со огромни количини на шеќер. Откако ќе ја испиете првата голтка, киселината започнува да ги нагризува забите. Кофенот моментално навлегува во крвотокот поради што се зголемува пулсот и притисокот расте. За целосно да се исфрли кофеинот од огранизмот потребни се до 12 часа. А после тој 12-часовен период може да имате главоболки што може да траат и до 9 денови.