Чизмите од Наполеон на аукција продадени за 117.208 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Парот чизми за кои се верува дека ги поседувал и носел Наполеон Бонапарта додека бил во егзил на аукциска продажба беа продадени за сума од 117.208 евра на аукција во Париз, објави аукциската куќа Binoche and Giquello.

Чизмите што ги носел Наполеон I во егзил на островот Св. Хелена биле продадена за 117.208 евра, соопшти аукциската куќа.

Чизмите, наречени „коњски“, високи 48 сантиметри, се изработени од фина црна кожа со ниска потпетица, а првично биле проценети меѓу 50.000 и 80 000 евра.

Овие чевли му ги позајмил генералот Анри-Гатин Бертранд (1773-1844), кој бил со Наполеон на Св. Елена, на скулпторот Карло Марокети (1805-1867) додека ја правел скулптурата за гробот на Наполеон. Синот на скулпторот, баронот Марокети потоа му ги подарил чевлите на сенаторот Пол Ле Рукс (1850-1923).

Чизмите оттогаш останале во сопственост на семејството Ле Рукс. Наполеон, кој сакал да носи чизми, ги нарачувал од чевларот Жал, кој живеел на Монмартр во Париз.

Царот бил висок 169 сантиметри, што во тоа време било малку над просечната висина на мажите. Наполеон носел обувки што ќе одговараат на денешниот број помеѓу 40 и 41 .