Чизкејк баклава – традиционално „благо“ на поразличен начин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Баклавата многумина (и ќе кажеме – со право) ја нарекуваат „Кралица на ориенталните слатки“, па во многу случаи, овој сериозно благ и вкусен десерт го прават и комбинираат во различни верзии на десерти.

Еден од нив е чизкејк баклава, малку поразлична верзија на традиционалниот десерт од онаа која ние ја знаеме.

За подготовка на овој интересен и вкусен десерт се потребни 12 тенки кори за баклава, 12 лажици стопен путер, 2 шолји фстаци, 2 шолји лешници, еден прстофат сол, 3 шолји крем-сирење, половина шолја мед, 3 поголеми јајца, 2 лажици ванила, 1 лажица лимонов сок, половина шолја вода, 1 лажица вода со вкус на портокал, четвртина шолја исецкани фстаци, половина шолја исецкани ореви, коприви и сок од 2 лимони.

Во калап за торта со пречник од 24 сантиметри ставете хартија за печење, па премачкајте ја со стопениот путер. Во меѓувреме подгответе ги корите – премачкајте со путер, преклопете вертикално на половина и ставете ги во калап така што малку да висат на работ од калапот. Оваа постапка ја правите со сите кори.

Двете шолји со фстаци и лешници иситнете ги да имаат песоклива текстура. Ставата ги во сад, додајте го останатиот стопен путер и еден прстофат сол и измешајте ги до добивање на конзистентна смеса. Смесата распоредете ја во калап претходно обложен со корите и оставете го така во фрижидер додека да го подготвите кремот од сирење.

Во голем сад измиксирајте го крем-сирењето додека не добиете течна структура. После тоа додајте го медот, едно по едно јајцата, ванилата и сокот од лимон. Измешајте ги, но не предолго да ги мешате. Оваа смеса ставете ја во калапот со кори и печете 40 минути во рерна загреана на 160 степени. После тоа оставете го калапот еден час да се лади, па ставете го во фрижидер минимум четири часа.

Медот и водата со вкус на портокал загрејте ги на средно силна топлина. Кога ќе почнат да вријат намалете ја топлината и мешајте ги додека смесата да се згусне (околу 15 минути). Тргнете ги од шопретот, а откако ќе се изладат, додајте лешници и фстаци. Овој прелив ставете го преку изладената баклава со сирење и уживајте во необичниот и навистина егзотичен десерт.