Читателски рај: Славната библиотека на Гледстон нуди и сместување за книгољупците


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Приватната библиотека на познатиот британски политичар од 19. век, Вилијам Гледстон, и досега беше вистински рај за читателите и обожавателите на книгите и пишаниот збор, со понуда од 150.000 различни книги. Но, сега тој рај е издигнат на едно повисоко ниво, со нудење на можност за сместување и преноќување во библиотеката за нејзините посетители.

Познатата библиотека сега нуди и опција за преноќување со појадок за читателите кои сакаат да преспијат таму.

Библиотеката на Вилијам Гледстон е лоцирана во северен Велс. Последната желба на Гледстон пред неговата смрт која тој ја оставил како аманет била библиотеката да стане збиралиште на мислители, место за дебати и полемики, но и место каде што секој кој ќе посака, да може да се повлече и во тишина и мир да чита или да пишува.

Во рамките на библиотеката е отворен и мини-ресторан каде што се служат локални специјалитети и секако – неизбежниот британски чај во 17:00 часот.