Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарниот рапер Канје Вест тврди дека никогаш во животот не прочитал ниту една книга.
Раперот ова го откри за време на гостувањето во подкастот „Hello Mind Full“.
– Всушност, немам прочитано никакви книги. Читањето за мене е како јадење прокељ, изјави Вест.
Иако Вест не мисли дека книгите се важни, не е јасно дали тоа верување им е пренесено на децата од Академија Донда на која основач и сопственик е Вест. Училиштето беше отворено кон крајот на август, а „Ролинг Стоун“ откри дека родителите морале да потпишат договор за тајност за нивните деца да можат да одат во тоа училиште.
Училиштето го носи името на покојната мајка на Вест, која била учителка, а се наоѓа во Калифорнија.