Чистењето за жените е штетно како и една кутија цигари дневно – но, не и за мажите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Една нова студија покажала дека чистењето на куќата, за жената е еднакво штетно како и една кутија цигари на ден.
Но, истите тие производи за чистење, наводно, немаат никакво или барем не толку сериозно влијание на здравјето на мажот.

Научниците го набљудувале здравјето на белите дробови кај вкупно 6.235 жени и мажи. Еднаш на почетокот на студијата и еднаш по 20 години. Оние кои учествувале во истражувањето после 20 години ги прашале неколку конкретни прашања. Прашањата биле од тип: дали ја чистеле куќата, дали работеле како професионални чистачи, колку често користеле течни производи. На крај резултатите покажале дека оние кои ја чистеле куќата или работеле како професионални чистачи имале многу помал капацитет на плуќата. Истражувачите на крај заклучуваат дека тоа влијае штетно по здравјето на жената т.е нејзиниот капацитет на плуќа.

Кај не се појавил овој штетен ефект

Но, интересно е тоа што ваквиот ефект не се појавил кај мажите кои чистеле – без разлика дали се работело за професионално чистење или пак завршување на домашни задачи. Авторите на студијата меѓу кои имало многу водечки научници, тврдат дека во одредени производи за чистење се наоѓа загрижувачка количина на штетни материи, кои може да предизвикаат иритации на белите дробови.

Научниците откриле дека количеството на штетни материи, е многу поголемо кај оние препарати кои се во форма на спреј.

„Кај жените кои редовно ја чистат куќата или пак работат како професионални чистачки дошло до загрижувачко опаѓање на капацитет на плуќата. Долгогодишно користење на такви препарати би можело да предизвика и астма, или да ја влоши состојбата кај оние кои се веќе заболени. Најштетни се амонијакот и избелувачот, и треба што е можно повеќе да ги избегнуваме“, велат авторите на студијата.