Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Две години условна казна затвор доби Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ од Кривичниот суд откако ја призна личната вина во случајот „Талир“ отворен за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и се спогоди со СЈО.
За случајот „Талир“ СЈО неодамна поднесе обвинение, а во моментот тоа се наоѓа на оцена пред судот, по што ќе биде познато дали на обвинетите ќе им се суди. Признанието на Чингарвска оди во прилог на обвинителството, бидејќи признала вина и го потврдила кривичното дело перење на пари.
Обвинението за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против екс премиерот Никола Груевски, и неговите доскорашни соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и погоре споменатата Елизабета Чингаровска.