Чикаго како воена зона: 14 лица повредени во пукотница од огнено оружје од автомобил во движење (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во пукање што се случило синоќа пред гробиштата во Чикаго ранети се 14 лица. Брзата помош ги пренела повредените, од кои некои се со тешки повреди, во блиската болница.

Тие биле застрелани од возило во движење додека стоеле пред капела на гробиштата во озлогласениот јужен дел на градот. Заменик-началникот на полицијата во Чикаго, Ерик Картер, изјави дека подоцна е пронајдено запалено возило и дека се трага по осомничените.

Градоначалникот на Чикаго, Лори Лајтфут, рече дека очекува помош од федералните агенти, со цел да го потиснат криминалот, кој е во пораст во 2020 година.

Лајтфут, инаку, беше еден од најголемите критичари на Доналд Трамп кога американскиот претседател испрати федерални агенти во Портланд, со цел да ги задуши насилните протести по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Се очекува во Чикаго брзо да се најдат дополнителни сили на ФБИ, ДЕА, како и Бирото за алкохол, тутун, оружје и експлозиви.