Чевли од 17 милиони долари – овие се најскапите обувки на светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во планетарно популарниот хотел „Бурж ал Араб“, во Дубаи, беше направена промоцијата на најскапите (женски) чевли во светот. На овој престижен и луксузен настан од затворен карактер присуствуваа само 50 специјални гости со дебели банковни сметки.

The Passion Diamond (името на најскапите чевли на светот) во продажба беа пуштени вчера, по цена од 13 милиони фунти (17 милиони долари) за пар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JADA DUBAI (@jadadubai) on

Сјајните и светликави потпетици се направени од злато и дијаманти и поради материјалот од кој се направени, се сметаат за навистина уникатно модно парче какво што досега не е видено.

„Сакавме да направиме навистина уникатни чевли и успеавме во тоа“, изјавила Марија Маџари, коосновач на „Jada Dubai“, компанија од Обединетите Арапски Емирати, која во овој потфат соработуваше со брендот Passion Jewellery.