Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Романскиот чевлар Григоре Луп, кој за време на првиот бран од епидемиојата со корнавирусот произведуваше огромни чевли кои гарантираат одржување на пропишаната дистанца меѓу луѓето, сега лансираше зимска линија, чизми со големина 75.
Григоре Луп вели дека чевлите кои ги изработувал во мај со големина 75 се продавале ширум светот, а тој потег му овозможил и да му опстане неговиот дуќан, пренесе „Ројтерс“. Луп има чевларска работилница во градот Клуж.
Ваквите огромни чевли тој почнал да ги изработува кога видел дека луѓето сојат преблизу и дека ги игнорираат препораките за минимална оддалеченост. Луп добивал нарачки и од многу луѓе со големи стапала.
„Добив многу нарачки од луѓе кои имаат големи стапала. Заклучиле дека можам да изработам број 50, доколку можам 75“, вели Луп.
Григоре пар чизми со големина 75 продава за цена од 150 евра.
„Чизмите имааат крзнена постава и подебел ѓон“, објаснува тој, додавајќи дека на нив троши три пати повеќе кожа отколку кај обични чевли.
Григоре Луп е чевлар 40 години и пред пандемијата живеел од нарачки од театри, оперски куќи, танцови ансамбли, но поради епидемијата со коронавирусот тој дел од работата згаснал.