Четврток со сонце и облаци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денес во Македонија ќе биде сончво со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 6, Кавадарци 8, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4 и Дојран 9 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе бидат – Скопје 10 степени, Маврово 4, Охрид 8, Крива Паланка 6, Битола 8, Кавадарци 11, Берово 4, Дојран 14 степени.