Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Единаесеттиот ден од месец август во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 27, Битола 28, Крива Паланка и Берово 25, Кавадарци 32, Дојран 34.
Утре времето ќе биде променливо облачно, во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 31 степен.