Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го започнуваме четврток со умерена облачност низ земјава, но и со температура нешто пониска од претходните утра, но насекаде со позитивна вредност, помеѓу 3°С и 7°С.
Состојбата нема да се менува се до попладнe, кога во западните и северните делови од земјата облачностa постепено ќе се зголеми, а ќе има услови сосема слабо да „проврне“. Во околината на шара облачноста ќе биде позначителна, а на оваа планина ќе проврнува слаб снег.
Максималната температура ќе биде пониска во однос на претходните денови и ќе има вредност помеѓу 13°С и 16°С низ поголем дел од котлините, а на повисоките места околу 11°С.
Скопскиот регион очекува умерено облачно време, со мала шанса за сосема слаб дожд попладне. Температурата ќе има вредност околу 13°С.