Четврток носи облачно и посвежо време


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, четврток, 19 септември, во Македонија ќе имаме променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 20 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 24 степени. Во Маврово 18, Охрид 22, Битола 26, Кавадарци 33, Крива Паланка 20, Берово 28, Дојран 28 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе бидат од 18 до 25 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.