Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот шоубизнис брачен пар Ким Кардашијан и Канје Вест добија четврта принова во нивното семејство, бебе кое на свет го донесе сурогат мајка.
Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, добија и четврто дете. Суриогат мајка им роди момче. „Тука е и совршен е!“, напиша Ким на Твитер.
He’s here and he’s perfect!
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) May 10, 2019
Малку подоцна напиша дека малото синче изгледа исто како нивната најмлада ќерка Чикаго . „Сигурна сум дека со време ќе се смени, но сега изгледа исто како неа“, додаде славната старлета.
He’s also Chicago’s twin lol I’m sure he will change a lot but now he looks just like her ✨
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) May 10, 2019
Првите две деца, Норт и Сеинт, кои имаат 5 и 3 години ги роди Ким, додека Чикаго, која има 1 година и новороденото ги роди мајка сурогат.
Kардашијан и нејзиниот сопруг решија да користат сурогат мајка затоа што Ким имаше здравствени проблеми за време на претходните бремености и секоја наредна бременост би била премногу ризична.