Четврт ден потрага по исчезнатиот Мартин на Халкидики


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Грчките спасувачки служби и денеска ја продолжуваат потрагата по исчезнатиот Мартин Јовановски кој во саботата беше одвлечен со неговите другари од морските струи кај Халкидики.

Два дрона и куче спасител ќе им помагаат на грчките спасители и волонтери во потрагата по 31-годишниот македонец кој исчезна во водите на егејското море.

Во потрагата која почна утрово учествува и патролен чамец на грчката крајбрежната стража. Иако според грчките закони, ако нема никакви резултати после 72 часа, потрагата се откажува, сепак по барање на македонското министерство за надворешни работи, надлежните грчките служби и денеска ќе продолжат да трагаат по македонскиот државјанин.

„Сакам да и се заблагодарам на грчката влада за целата помош. Ни недостига Мартин, се надеваме дека потрагата ќе продолжи бидејќи навистина и недостига на мајка му.“ – вели роднина на исчезнатиот Мартин.

Во потрагата вчера беше употребен и подводен дрон, меѓутоа и со негова помош не успеа да се пронајде исчезнатото момче.

Вчера од болница беше отпуштен 30-годишниот Иван, кој после 19 часа поминати во морето, беше спасен во неделата.. Претходно, во добра состојба од болницата во халкидики си замина и 25-годишниот Васил.

Тројцата пријатели биле на одмор на Халкидики кога во саботата попладне, влегле во морето на плажата Мити на првиот крак. Поради лошото време, силните морски струи ги оддалечиле од брегот. Дел од присутните на плажата забележале дека ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и потрагата.