Home Актуелно Четврт бран на коронавирусот во Европа

Четврт бран на коронавирусот во Европа

Во Белгија минатата недела беше евидентиран скок од 66 проценти на заразените со ковид-19, а целата земја наскоро од „зелената“ повторно ќе се најде во „портокаловата зона“ на епидемиолошката карта на Европа.

„Податоците за коронавирусот нагло се зголемуваат по долг период на опаѓање. Тоа зголемување значи повеќе од 200 дополнителни инфекции на ден и очекуваме да се зголемува во наредните денови“, вели белгискиот вирусолог Стивен Ван Гухт.

Додека регионот Брисел остана во „портокаловата зона“, во претходните две недели Валонија и Фландрија, по долго време, влегоа во таканаречената безбедна зелена зона.

„Ова наскоро ќе се претвори во портокалово“, предупредува Ван Гухт.

Во време кога Кипар и делови од Шпанија се наоѓаат во „црвената зона“ на европската епидемиолошка мапа, белгискиот вирусолог предупредува дека четвртиот бран на коронавирусната инфекција веќе е во тек во Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…