Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Четири руски војници загинаа во огнот кој го отворија екстремистите во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
“Двајца руски воени советници кои ја контролираа сириската артилерија, загинаа на лице место. Уште пет припадници на руската војска се ранети и пренесени во воената волница. Воените лекари се бореа да го спасат животот на двајца од ранетите, но не успеаја”, пишува во соопштението.
Според тврдењата на министерството, конфликтот се случил во сириската провинција Деир ез Зор кога неколку единици на терористичките групи ја нападнале сириската артилерија.