Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициските служби на Вашингтон ДС минатиов понеделник потврдија дека уште двајца полицајци кои на 6 јануари учествуваа во одбраната на Капитол хил извршиле самоубиство.
Едното самоубиство, Гунтер Хашида, е од 29 јули, а другото, Кајл Дефрајтаг, е од 10 јули меѓутоа беше објавено дури вчера. Хашида 18 години е дел од полицијата на Вашингтон ДЦ, додека Дефрајтаг се приклучува во 2016.
Претходно уште двајца полицајци кои интервенираа при упадот во американскиот Конгрес извршија самоубиство, во текот на месец јануари.
Првото самоубиство се случи на само 3 дена по упадот во Капитол хил.