Четворица малолетници добија кривични пријави за оштетување на Музејот на албанската азбука


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Битолската полиција поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност против четворица малолетници на возраст од 16 и 17 години, осомничени дека на седми март фрлале со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола. Тројца од нив се од Битола, а едниот од Демир Хисар.

Според полицискиот извештај, момчињата изработиле четири молотови коктели, поточно стаклени шишиња кои ги наполниле со нафта, потоа ги затвориле со тапа, ставиле крпи околу нив залепени со селотејп трака, ги запалиле и ги фрлиле врз Музејот за да го опожарат објектот.

Од битолската полиција соопштија дека при извршениот увид на местото на настанот биле пронајдени  повеќе траги и предмети кои биле испратени на вештачење. Била пронајдена и ДНК, по што се  утврдило соовпаѓање со ДНК профилот на првопријавениот. Покрај тоа, обезбедени се и други материјални докази кои укажуваат дека пријавените се извршители на кривичното дело.