Четиригодишно момче со навремена реакција го спаси животот на својата мајка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Четиригодишниот Роман од Велика Британија го спаси животот на својата мајка користејќи ја апликацијата Siri, личен помошник кој им помага на корисниците, за да се поврзе со брзата помош.

Во соопштението од лондонската полиција е наведено дека 4-годишниот Роман на 7 март си играл со помалиот брат во куќата, кога забележал дека неговата мајка лежи на подот. Отишол кај неа, но таа не реагирала. Кога сфатил дека на мама ѝ треба помош, Роман го зел нејзиниот iPhone, го отклучил со притискање од палецот на телефонот и ја употребил апликацијата Siri за да повика брза помош.

После тоа, откако стапил во контакт со операторот, им ја дал адресата. Полицијата и брзата помош биле на местото после тринаесет минути. Жената ја нашле во несвест, ѝ пружиле прва помош, па откако се вратила во свесна состојба, ја пренесле на болница.

Полицијата објави и аудиозапис од разговорот со четиригодишниот Роман со цел да укаже на важноста за учење на детето за постапки при ситуација за итна помош.

„Многу е важно вашето дете да знае која му е домашната адреса и како да повика полиција или брза помош во итни ситуации“, изјави главниот инспектор Ад Аделекан.