ЧЕТИРИ ВИДА НА „ПИЈАНИЦИ“ – еве зошто е важно да знаете во кој вид спаѓате


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познавањето на мотивите кои доведуваат до алкохолизам е клучот за негово успешно лечење. Следниот пат кога ќе посегнете по чашка алкохол, запрашајте се зошто го правите тоа. Ама искрено.

Консумирањето алкохол за некои е ритуал, за некои наовика, за некои посредник во дружењето,а за некои проклетство и зависност. Колку поискрено и поточно ги лоцирате вашите причини зошто посегнувате по пијачката, толку подобро за вас, бидејќи тоа е важно да се знае кога некој треба да биде мотивиран да пие помалку или на понештетен начин.

Постои нешто кое се вика мотивациски модел на консумирање алкохол, кој е развиен за полесно да се лечи зависноста од алкохолот. За таа цел постојат четири вида на консумирачи на алкохол кои ги дефинираат причините, а со тоа и начините за евентуално раатисување од пијачката и спречување на алкохолизам.

Пиење во друштво

Во сите култури и земји, социјалниот (друштвен) мотив на пиење е најчесто застапен кај младите. Според овој модел, пиењето и пијанењето во друштво почива врз претпоставката за очекување на подобра забава додека се дружите со пријателите. Пиењето од друштвени мотиви е поврзано со умерено консумирање на алкохол.

Пиење заради вклопување

Ако луѓето пијат на другарски собиранки и во посебни пригоди, само за да не се делат од друштвото, а не затоа што навистина сакаат да пијат, склони се да испијат помалку од оние кои пијат од други побуди. Тоа се луѓе кои посегаат по шампањ додека трае наздравувањето или држат чаша вино само за да се вклопат во друштвото.

Пиење заради опивање

Уште еден чест мотив кај адолесцентите кои само сакаат дополнителна мотивација за да бидат похрабри и поотворени. Тие најчесто се екстровертни, импулсивни и агресивни. Таквите млади луѓе (особено машките) активно сакаат да бидат пијани и да чувствуваат екстремни сензации за полесно да ги преземаат и да се соочуваат со ризиците.

Пиење како утеха

Луѓето кои пијат само за полесно да се носат со животните секојдневни проблеми, имаат повисоко ниво на невротичност, пониско ниво на согласување и негативна визија за себеси. Тие најчесто се борат со депресија и тегобност.

Во оваа група има повеќе жени од мажи. Тоа е најризичниот модел во кој се пие најмногу и најчесто, за разлика од другите појави на проблеми со алкохолот. Ваквиот начин на пиење може да биде „ефективен“ на краток рок, но долгорочно носи потешки последици. Причината за појавата на тешките последици во најголема мера е фактот што проблемот поради кој се пие, на крајот пак останува без решение.

Зошто е важно да знаете зошто пиете?

Истражувањето сугерира дека познавањето на мотивите кои довеле до појава на било која форма на алкохолизам се клучот за неговото решение. Следен пат кога ќе посегнете по чашка алкохол, искрено запрашајте се и уште поискрено одговорете си зошто го правите тоа.

Некои луѓе едноставно сакаат да навечер да испијат малку вино или друг алкохолен пијалок заради опуштање, но ако пиете со цел да се опиете, поголеми се шансите во иднина да имате поголеми и потешки проблеми поврзани со алкохолот.

Со други зборови, ако пиете за да решите некои проблеми, запамтете дека истите проблеми ќе ве чекаат и другиот ден.