Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викендов, посебно вчера вниманието беше насочено кон неколку дерби средби кои се играа во најсилните првенства, а во сенка на нив во Чемпионшип се одигра еден необичен дуел.
Дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед и Блекпул беше преполн со возбудувања, а на крајот заврши со поделба на бодовите (3:3). Шефилд имаше предност од 2:0, за потоа Блекпул да направи пресврт и да поведе со 3:2, но тоа водство не го задржа до крајот.
Голот за реми беше постигнат во 98. минута. Треба да се спомене и дека претходно не беше реализиран пенал. Покрај споменатите шест гола и промашениот пенал, видовме дури четири црвени картони, три од нив за Блекпул и еден за Шефилд.