Четири суптилни начини да му покажете колку ви е ВАЖЕН


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Врските се нешто на што мора да работите трпеливо и темелно, колку и да траат. Не е невообичаена појава врската по некое време да стане одедена рутина која правите наместо во неа да уживате.

За да ги разбудите оние заборавени пеперутки во стомакот, потрудете се да направите некои од овие работи за да ја врати вашата врска во онаа пролет од почетокот која сега ќе биде поинтензивна бидејќи сега не се темели на потреба, туку на љубов.

1. Заблагодарете му се на партнерот за нешто секојдневно

Било да се работи за шетање на кучето и изнесување на ѓубрето. Едно благодарам ќе измами широка насмевка на лицето на вашата сакана личност

2. Покажете му дека сте му поддршка

Понекогаш рамото за плачење е се што ни е потребно. Сетете се на тоа кога вашиот партнер ќе дојде нерасположен или со некој проблем, тогаш покажете разбирање.

3. Прашајте го како му поминал денот

Покажете му секојдневен интерес за времето кое тој го минува без вас, со широка насмевка, прегратка и бакнеж. Тој мора да почувствува дека вас ве интересира неговата работа, а и хобито, на тој начин ќе му покажете дека се за него ви е важно.

4. Преземете на себе некоја негова обврска

На овој начин со мали гестови ќе му покажете дека ви е важно. Вам тоа не би ви одземало многу време, а нему многу би му значело.