Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако сите сакаме партнер кој се грижи, кој е посветен и кој прави се за да не развесели, и покажува колку сме му важни, понекогаш подобро е постапно да се откриваат емоциите и да не се претерува со грижата. Следните постапки не би треало да се воведат во рутина веќе на почетокот на врската:
1. Претерано изјавување љубов
Љубовта е прекрасно чувство, меѓутоа и за прекрасните работи постои вистинско време. Не би требало прерано да изговориме: те сакам, бидејќи може да звучи неискрено, можете многу лесно да го оттргнете партнерот од себе бидејќи тоа што всушност вие го чувствувате на самиот почеток на врската е заљубеност, а не вистинска и искрена љубов. Приказните за тоа како тој е вашата сродна душа или како вие знаете да сакате оставете ги на страна некое време и добро размислете и преиспитајте ги вашите чувства.
2. Премногу информации на првиот дејт
Интимните приказни за вас и вашето семејство задржете ги за себе додека не бидете сигурни дека станува збор за сериозна врска. Почитувајте ја својата и туѓата приватност и никогаш немојте да издавате баш се за себе. На личноста која започнува однос со вас, ќе и биде поинтересно постепено да ве запознава.
3. Претерано, зачестено допишување
Иако е почетокот на врската многу возбудлив период, обидете се да се контролирате и немојте да претерувате со праќањето пораки бидејќи може да стане поприлично напорно за другата личност. И немојте да инсистирате постојано да го минувате времето заедно. Не сакате вашиот партнер да почувствува како го гушите.
4. Љубомора
Обидете се од почетокот да работите на меѓусебна доверба која е една од клучните фактори за успешна врска.