Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според најновите статистички податоци кои ги објави Министерството за здравство во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).
Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2