Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Периодичниот систем на хемиски елементи од пред извесно време содржи четири нови елементи, а денеска тие и официјално ги добија своите имиња, соопшти Меѓународниот сојуз за теоретска и применета хемија (ИУПАЦ).
Радиоактивниот елемент со атомски број 113, е наречен Нипоинум, според Нипон – како што гласи јапонското име на Јапонија. Тој ќе се означува со кратенката Nh.
Tим од руски и американски научници пак, ги именуваа своите елементи 115 и 117 – Московиум (Mc) и Тенесин (Ts) според имињата на рускиот главен град Москва и американската сојузна држава Тенеси.
Четвртиот елемент, со реден број 118 ќе биде познат како Оганесон (Og) во чест на рускиот експерт за нуклеарна физика, Јури Оганесјан.