Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од траење од четири месеци од судот во Валенсија поради покажување на лажна возачка дозвола затоа што немал положено.
Шпанските медиуми објавија дека Македонецот го признал делото и се покајал затоа судот ја суспендирал затворската казна и истата ја заменил со условна казна во траење од две години. Во пресудата се напоменува дека казната ќе биде извршена ако Барди во следните 730 дена направи било друго кривично дело.
Полицијата ја открила лажната возачка дозвола лани во април кога Барди бил запрен со своето Порше Панамера во северниот дел на Валенсија.