
Никола Раѓен по разводот времето го минува во најубаво друштво
Поминаа нешто повеќе од четири месеци откако Никола Раѓен и Милица Ристиќ јавно споделија дека ставиле крај на својот брак.
„Во секој брак има и подеми и падови. Не сум горд на фактот дека не успеавме да го надминеме овој момент. За жал, работите тргнаа во друг правец, тоа е сè што би рекол“ – започна својата исповед познатиот ватерполист.
Никола Раѓен по разводот призна дека се обидел да го спаси бракот, но не успеал.
„Имаше моменти кога разговаравме, но не успеавме да најдеме решение“ – тврди тој.
Сега Никола е целосно посветен на своите наследници, со кои минува квалитетно време. Ќерките ги придружува на натпревари, со синот редовно посетува разни работилници, а најмногу ужива кога сите се заедно.
Фотографијата со наследниците од автомобил, Раѓен ја објави на своите социјални мрежи, откривајќи што за него претставува најквалитетно поминато време.
Во исто време покажа колку Нина и Теа се грижливи сестри на својот помлад брат, кого многу го сакаат.