Четири деца заразени со бактеријата „МРСА“ во општина Чаир


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Четири случаи на бактеријата ,,МРСА‘‘ потврди контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир.

Според информациите од ДСЗИ, сите четири случаи се кај деца од кои три од големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘. Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата.

Инаку ,,МРСА‘‘ е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици, тешко се лекува, а кај пациенти со намален имунитет може да предизвика сериозни компликации, па дури и смрт. Случај со бактеријата ,,МРСА‘‘ беше евидентиран во јануари кај вработен техничар на клиниката за стоматологија по што следуваше вонреден надзор од екипи на ДСЗИ на клиниката.