Четири брзи начини како да ја регенерирате сувата коса уништена од морето и сонцето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сувата коса со испукани врвови е честа појава за време на летниот период поради влијанието на сонцето и солта од морската вода, но во текот на зимата и поради сувиот воздух од греењето во домот. Ако редовно се фарбате, особено во светли тонови, знаете колку косата може да се оштети.

Затоа ви нудиме четири брзи начини за заживување и регенерирање на оштетената коса. Секако, најдобра и најефикасна варијанта е ако се комбинираат сите четири заедно.

Користете посебен шампон

Пазарот е преполн со шампони кои се наменети за сува коса, но немојте да посегнувате по било кој. Распрашајте се во аптеките кој од нив најдобро би ја регенерирал вашата коса, додавајќи дополнителна влага на истата.

Маската за коса е вистински спас

Секако да си воведете третман со маска за коса во вашата рутина на одржување на косата, отприлика 10-тина минути пред миењето.

Користете серум за коса

Дури не мора ни да одите да го купувате, едноставно можете да си го направите сами дома, мешајќи маслиново масло со неколку капки витамин Е. Се нанесува на косата и така се држи половина час, па потоа се мие.

Направете пауза од стилизирањето

Знаеме дека сакате постојано да имате средена фризура, но постојаното пеглање, виткање и лакирање на косата ја оштетуваат истата и ја извлегуваат сета влага од неа. Откако ќе ја измиете косата, држете ја така влажна што подолго време завиткана во крпа, за крпата што повеќе да ја впие водата од неа, па потоа кратко исушете ја со фен или сушете ја на воздух.