Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во ова време константно сме поврзани со технологијата и имаме толку разновидни начини за поминување на слободното време што никогаш не би требало да ни биде досадно.
Но, напротив, се работи за чувство кое ги погаѓа се повеќе луѓето. А најновите студии покажуваат дека креативноста не треба да се елиминира.
„Со толку нешта што може да не окупираат овие денови, досадата би требало да биде ретка појава. Таа треба да е карактеристична за времето кога немаше друштвени мрежи, интернет, ТВ, допишувања и слично“, вели психологот Сенди Мен.
Таа додава дека резултатите од истражувањата покажуваат дека на луѓето им е досадно и на работа, училиште и дома. Досадно на работа им било на две третитини од испитаниците.
Таа напоменува дека постојат бројни објаснувања за нашата досада, а како еден од проблемите вели дека е тоа што сме премногу стимулирани.
„Што повеќе се забавуваме, тоа повеќе забава е потребно за да се задоволиме. Исто така исполнатиот свет доведува до потреба за уште поисполнат свет“, напоменува таа.
Па поради тоа сме навикнати на брзи активности, спорите ни гледаат досадни како читање, учење и слично.
Исто така како причина за се поголема досада е и времето поминато пред екраните.
„Иако изгледа дека живееме разнолик и возбудлив живот богат со забава, тоа во суштина е и проблем. Сета таа забава се одвива на ист начин – преку нашите прсти. Во просек секојдневно поминуваме 6 до 7 часа пред телефонот, таблетот или компјутерот. Сето тоа доведува до здосасдување на работите. Иронијата е во тоа што тие уреди би требало да го потполнат нашето време, а делуваат контрапродуктивно.“
Истражувањата покажуваат дека хроничната досада е одговорна за многу негативни исходи како што е прејадување, коцкање, употреба на дрога и слично.
И покрај што на работа досадата е „потисната“ емоција, таа може да ја зголеми креативноста
Истиот автор направил истражавуање кое докажува дека досадата на работа може да ја зголеми креативноста. Како лутината така и досадата е една од најчестите скриени емоции на работа.
„Истражувањето покажува дека досадувањето на работа би можело да биде корисно поради латералното размислување. А тоа е процес кој на некој начин го зголемува креативното размислување“, истакнува Мен.
Во студијата на дел од волонтерите им е доделена досадна работа за извршување. И покрај тоа што нивната работа била досадна во однос на останатиот дел од волонтерите, оваа група размислувала многу покреативно.