Често го проверувате Инстаграм профилот на вашиот бивши: Експертите тврдат дека тоа е сосема нормално…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колкупати ви се случило на Инстаграм да налетате на фотографија од својот некогашен дечко или само симпатија и по 10 минути да сфатите дека веќе сте стигнале до неговите објави од 2014. година?

Сигурно барем еднаш. Сосема нормално е понекогаш да се заинтересирате за некој со кого еднаш сте биле во врска или барем сте мечтаеле за тоа, дури и ако редовно го проверувате неговиот профил само да проверите дали има нова девојка.

Со тоа се согласуваат дури и професионалните психолози, кои за овој феномен понудија дури и стручно објаснување.

Се смета дека луѓето отсекогаш биле заинтересирани за животите на своите некогашни партнери. Секако, социјалните мрежи дополнително го загреаанивниот интерен бидејќи на нив лесно е да се најдат информации кои ве интересираат. Меѓутоа, сето ова е нормално само во границите на нормала.

Ако секојдневно и до неколкупати го проверувате Инстаграмот на својот бивши, како и луѓето кои му оставаат коментари под фотографиите, особено ако се во прашање жени, значи дека сепак сте отишле предалеку и дека мора да научите да се контролирате и својот живот да го продолжите после него.