Честитки до Заев и од албанскиот претседател Мета: Поддршка на процесот кој ја ослободи Македонија од застојот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По мноштвото реакции, по вчерашното изгласување за уставните измени во Собранието, се огласи и албанскиот претседател Илир Мета.

Мета му честиташе на Зоран Заев и неговата Влада по успехот на синоќешната седница.

„Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион“, истакна албанскиот претседател во порака напиша на неговата Фејсбук страна.