Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Припадниците и поклониците на исламската вероисповест денеска ја почнуваат четиридневната прослава на еден од двата нивни најголеми празника, Курбан-бајрам.
Сите муслимански празници се сметаат по месечевата, а не по сончевата година, а овој празник е на два месеца и десет дена по Рамазанскиот бајрам. На Курбан-бајрам завршува и аџилакот во Мека, Саудиска Арабија, инаку најголемото исламско светилиште.
Празникот се нарекува Курбан-бајрам бидејќи се принесува жртва, што означува приближување кон Бога.