Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Под обвинение за наводна продажба на бебе старо само 14 дена, во индиската држава Џарканд е уапсена жена што работи во редот „Мисионери на милосрдието на Мајка Тереза“. Две други жени вработени во центарот се притворени и се испитуваат за други можни случаи.
Полицијата презеде акција откако Комитетот за детска благосостојба (ЦВЦ) на Индија регистрирал жалба.
Добротворната организација не одговорила на барањата од Би-би-си за коментар.
„Откривме дека некои други бебиња исто така се незаконски продадени од центарот“, рекол претставник на полицијата за Би-би-си. „Ги добивме имињата на мајките на овие бебиња и истражуваме понатаму“.
Полицијата, исто така, запленила 140.000 рупии (2.150 долари) од центарот, кој се наоѓа во главниот град на Џарканд, Ранчи.