Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фотографијата на која беа фотографирани чесна сестра и забулена девојка како заедно се возат на скутер за кратко време стана хит на балканските групи од социјалните мрежи.
Оваа глетка ги воодушеви граѓаните од целиот регион, а истата стана вирално споделуван хит на социјалните платформи.
Сепак, како и со многу други симпатични и позитивни ситуации и работи, кога станува збор за интернетот и социјалните мрежи, станува збор за „наместена“ ситуација, потврдуваат од маркетинг агенцијата „Foto Art“.
Како што од споменатата агенција објавија и на социјалните мрежи, а и на YouTube, станува збор за реклама за идниот филмски проект „Pozdrav Sarajeva“, кој го најавуваат на ваков симпатичен начин.