Чешка и Турција го ратификуваа протоколот за македонско членство во НАТО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турското Народното собрание и чешкиот парламент вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

– Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.

Сподели