Home Спорт Червар: Некому му пречи нашата добра работа

Червар: Некому му пречи нашата добра работа

Вардар го победи Металург 31:29 во СЕХА лигата и дополнително се зацврсти на лидерската позиција на табелата.

Вардар и Металург одиграа квалитетен дуел во СЕХА лигата, иако во меѓусебната пресметка влегоа по исцрпувачките дуели во Лигата на шампионите.

Тренерот на Металург Лино Червар му ја честиташе победата на Вардар, но на прес конференцијата се пожали на судењето. Червар во второто полувреме незадоволен од судиските одлуки, влезе во жестока расправија со делегатот на натпреварот Начевски.

„Честитики до Вардар за победата, им посакувам и многу среќа во Лигата на шампионите. Ние одигравме онолку колку што можевме, бевме уморни, во понеделникот вечерта се вративме од Норвешка. Меѓутоа ме разочара судењето. Ние правиме дора работа, но се чини дека тоа некому му пречи“, рече Червар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…