Червар го избра тимот за дуелот со Украина!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација во среда го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2018 година, кое ќе се одржува во Хрватска.

Овој циклус на квалификации е првиот кој Македонија ќе биде без Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, играчи кои повеќе од една деценија со успех го носеа дресот со државниот грб.

Македонија во квалификациите, како што вели селекторот Лино Червар, ќе комбинација „на играчи кои повеќе години играат за Македонија и неколкумина помлади играчи, но играњето за Македонија е нешто што е над сите клупски интереси, тоа е обврска и чест.“

Инаку, селекторот го одбра тимот кој ќе им се спротивстави на Украинците. Червар одреди 16 ракометари од кои најголемиот дел имаат завидно репрезентативни искуство, а поголем дел од нив играа на последното ЕП и на олимписките квалификации.

Составот за натпреварот со Украина:
Ристовски (Барселона), Даскаловски (Тимисоара), Ојлески (Ородехи), Манасков (Рајн Некар), Георгиевски (Букурешт), Кузмановски, Талевски , Нелоски, (Металург), Стоилов (Вардар), Кирил Лазаров (Барселона), Филип Лазаров (Тимисоара), Никола Маркоски (Орошази), Велко Маркоски (Загреб), Ацо Јоноски (Бергишер),Митков (Кремс), Прибак (Бешикташ).