Спорт

Челзи веќе најде нов голман!

Се погласни се гласините дека на крајот на сезоната Тибо Куртоа ќе се врати во Шпанија и ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ сакаат долгорочно решение на голманската позиција, па го одредиа Куртоа како приоритет за следното лето.

Поради тоа Челзи веќе тргна во потрага по квалитетен голман, а англиските медуми тврдат дека нивниот прв пик е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Словенецот пристигна во Атлетико од Бенфика за 13 милиони евра и оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите голмани во Европа.

Доколку „сините“ не успеат во намерата да го кушат Облак, тогаш како резервна варијанта се споменува Џо Харт, кој моментално настапува како позајмен во Торино.

Advertisements
To Top