Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските и англиските медиуми се сигурни дека Еден Азар ја игра последната сезона на „Стенфорд Бриџ“ и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.
Белгиецот одби да го продолжи договорот, па Челзи ќе биде приморан да го продаде, а „Марка“ открива дека трансферот ќе изнесува 100 милиони евра.
„Сините“ веќе ја почнаа потрагата по замена за Азар, а прва и најголема желба е играчот на Барселона, Филипе Кутињо.
Кутињо оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и не е среќен со својот статус во Барселона, па би можел да се врати во Премиер лигата.
Каталонците нема да се противат на неговата продажба и ќе го пуштат доколку некој клуб понуди повеќе од 100 милиони евра за неговиот потпис.
Од Челзи се спремни да ја платат таа сума и наводно веќе почнале да работат на трансферот бидејќи сметаат дека Кутуњо ќе биде идеална замена за Азар.
Chelsea have made contact with Barcelona over a £100m move for Philippe Coutinho. (Source: Sunday Express) pic.twitter.com/aBJu2TpNnN
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 20, 2019