Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нема повеќе дилеми – Антонио Конте кој минатата сезона го пропорди тимот на Челзи и понатаму ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и ќе потпише нов договор „тежок“ 11 милиони евра по сезона.
Притоа, италијанскиот стратег ќе добие буџет од 250 милиони евра, а медиумите на Островот ги открија и трансфер желбите во летниот преоден рок.
Како што пренесуваат медиумите Конте на радарот има пет играчи кои ќе се обиде да ги донесе на „Стенфорд Бриџ“. Прв е Ромелу Лукаку, а Челзи наводно веќе ги договорил сите детали со Евертон за трансфер вреден 80 милиони евра.
На мета на „сините“ е и тандемот на Јувентус, Алекс Сандро – Бонучи, играчи кои ова лето се спремни ја напуштат „старата дама“ и да ја променат средината.
Покрај овие двајца како засилување во одбраната се споменува и Вирџил ван Дијк од Саутемптон, кој е голема желба и на Ливерпул, а неговата цена изнесува 50 милиони фунти.
Притиоа „сините“ се пред комплетирање на трансферот на Тиему Бакајоко од Монако за 45 милиони евра. Тоа значи дека еден помеѓу Цеск Фабрегас и Немања Матиќ сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.