Челзи понуди 180 милиони евра, Халанд кажал „да“ – на потег Борусија Дортмунд?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд сака кариерата да ја продолжи во Челзи, но прво ќе мора да ги убеди раководните лица на Борусија Дортмунд да му дозволат да си замине ова лето.

Германскиот клуб тврди дека Халанд не е на продажба, но сепак поставија цена за која веруваат дека заинтересираните клубови нема да ја платат.

Високата цена не го поколеба Челзи, кој спремил понуда од 180 милиони евра за потписот на Халанд, тврдат медиумите на Островот.

Европскиот шампион нема да жали пари за да ја исполни најголемата желба на тренерот Тухел, а тоа е токму Халанд.

Последните информации од Островот се дека Халанд се согласил на трансфер на „Стенфорд Бриџ“ и наскоро двата клуба ќе ги започнат преговорите.